АЛПСКИ КУП СКАДИ

На ден 07.02.2015 година Алпскиот Ски Клуб СКАДИ ќе го одржи својот прв натпревар во велеслалом “Алпски Куп СКАДИ 2015” на падините на Бистра, Маврово. Натпреварок ќе биде со почеток во 10 часот на Галички ски лифт. Право на учество на овој натпревар ќе имаат сите деца – натпреварувачи кои се членови на ски клубови и оние деца кои не се членови. Целта на овој натпревар од промотивен карактер ќе биде промоција на алпското скијање и омасовување на скијањето во Македонија. Овој натпревар освен целокупната организација од АСК СКАДИ е и директно потпомогнат од Скијачка Федерација на Македонија. Ги покануваме сите љубители на скијачкиот спорт, родители и деца да дојдат и да земат учество на овој натпревар и да бидат дел од големата дружба. Ветуваме добра забава, целодневно дружење и многу подароци за учесниците. За овој куп да стане реалност ќе се погрижат нашите спонзори Македонски Телеком АД Скопје и ТРИГЛАВ Осигурување и нашите пријатели Nextsense, Здравје Радово, Maraton Bus advertising и HD Print.

Со големо задоволство и среќа сакаме да истакнеме дека успешно се одржа првиот Алпски Куп СКАДИ 2015. Техничката организација на АСК СКАДИ беше на високо ниво за што може да посведочат и учесниците и присутните гледачи на нашиот натпревар. За беспрекорниот тајминг, техничката организација и административниот дел освен стручниот тим на АСК СКАДИ голема заслуга имаат и дел од родителите, наши пријатели спортски работници и волонтери. Би сакале да ја искористиме оваа прилика да ја искажеме нашата благодарност за нивните залагања. Временските услови беа со променлив карактер, но тоа не го промени расположението и желбата за дружење и натпреварување на повеќе од 80 деца. Голема благодарност до нашите спонзори Македонски Телеком АД Скопје и ТРИГЛАВ Осигурување и нашите пријатели Nextsense, Здравје Радово, Maraton Bus advertising и HD Print.

А за тоа како си поминавме на натпреварот можете да погледнете во галерија на следниот линк.

Резултати од натпреварот: