АСК СКАДИ ВО БАНСКО

АСК СКАДИ на 17.12.2014 тргна во остварување и на последните тренинзи на снег за оваа година. За таа цел нашиот клуб го посети ски центарот Банско, Бугарија. Посебна убавина на овие 7- дневни подготовки е присуството на нашите 2 нови членови Ева Милевска (третопласирана на Попова Шапка 2014) и Данило Илев (освојувачот на пехарот на истиот куп на Попова Шапка). За нивна побрза адаптација во редовите на нашиот клуб се погрижија постарите членови во клубот. За тренинзите да поминат во прекрасна атмосфера се погрижи и присуството на Македонскиот национален тим кои имаа FIS натпревар во Банско, така да нашите најмлади членови можеа да ја осетат и да уживаат во натпреварувачка атмосфера.