ГЛЕЧЕРИ

Скијањето како спорт освен по својата комплексност на изведба има уште една специфика, а тоа е локацијата на тренинзите. Најголемиот дел од тренинзите на еден скијач се одвиваат на снег во зимски услови. Но за негов понатамошен развој и одржување на континуитет на формата на скијачот неопходно е да тие денови се зголемат. Оттаму произлегува и потребата да натпреварувачите (децата) за време на пролетните, летните и есенските месеци посетуваат планини – глечери каде што снегот го има во текот на целата година. На овие глечери децата – натпреварувачите имаат прилика во одреден дел да ја повторат основната “школа” на скијање, усовршување на нови техники и одржување на основните и специфичните моторички способности кои се неопходни за континуитетот на нивната спортска форма. Најубавиот дел од оваа скијачка приказна се преубавите планински предели, чистиот воздух, прекрасните пејсажи и дружбата на овие глечери. Неописливо е чувството да претпладневниот дел од тренингот натпреварувачите го поминуваат во своите скијачки комбинизони на 3.200 н.м. опкружени со планински масиви прекриени со снег, а попладневните тренинзи облечени во летна спортска облека. Овие глечери се само еден мал сегмент од скијачкиот живот.

Прав тајминг,прогноза за убаво време и добро располозение се првите услови за успесни подготовки на австрискиот глечер Хинтертукс за натпреварувачите на АСК СКАДИ .После долгите летно -есенски подготовки натпреварувачите на АСК СКАДИ тренинзите ги продолжија во Австрија во снежни услови.На овие тренинзи првите 4 дена се увежбуваа основните техники на натпреварувачкото скијање а следните 5 дена се посвети внимание на индивидуалните техники на натпреварувачите.Подготовките се реализирани под раководство на стручниот тим на АСК СКАДИ.Во попладневните часови се спроведоа и прошетки до oколните центри ,ски продавници,посета на фабриката на најпознатиот светски бренд за ски опрема АТОМИЦ,Алтенмаркт.

За време на престојот го имавме задоволството да ги следиме и тренинзите на најголемите светски имиња од скијањето како (Ивица Костелиќ,Андре Мирер,Е.Куртони,Блардоне и др.)а за уживањето и радоста на децата да биде поголемо се погрижија и членовите на Македонскиот национален тим Антонио Ристевски,Марјан Нашоку и Лука Божиновски кои за време на престојот одвојуваа време да поминат со нашиот клуб.Посебна благодарност и до селекторот Иван Лесевски за дадените совети како од стручен така и од педагошки аспект.