Кондициски “dry land” подготовки

За алпското скијање постои теза дека е една од најкомплексните спортски вештини, односно потребно е да се постигне високо ниво на хармонија помеѓу психо и менталните способности од една страна и моторните способности на натпреварувачот од другата страна, а при тоа не треба да се занемарат и метеролошките услови и промената на подлогата (снегот) на еден натпревар. Оттаму е и јасна потребата за комплетен развој на психомоторните способности (основни и специфични) кај скијачите.Нашиот клуб во текот на целата година им посветува големо внимание токму на развојот на овие способности кај нашите скијачи. За таа цел да биде успешно реализирана се грижи нашиот стручен тим. Овој тип на тренинзи се одржуваат на отворено (на кеј, планински патеки, паркови) и во затворен простор (спортски сали, теретани и гимнастички сали). На овие тренинзи покрај развојот на основните моторни способности (сила, снага, рамнотежа, агилност, прецизност, издржливост и др.) кај децата се развива и социјалниот карактер, градење на здрави индивидуи. Убавината на скијачките тренинзи е во разновидноста на типот на тренингот како на пример: акробатика, ролери, возење на велосипед, планинарење и др.