Натпреварувачки курс

Натпреварувачки курс или натпреварувачка школа е оној момент кога детето ја има совладано основната скијачка техника и е спремно за совладување на техниките на спортското натпреварувачко скијање.Натпреварувачкото скијање само по себе е посложено па од таму и посериозиот приод на тренингот е разбирливо оправдан.Комплексноста на овој спорт и натпреварувањето во него го прави го уште посложен ако се земе во предвид дека при скијањето се активираат огромен број на групи на мускули од човековото тело кои се во тесна корелација со менталната сила на детето -натпреварувач.

Поради сето ова е и потребата да децата кои се занимаваат со скијањето како спорт нивните активности не застануваат со завршувањето на зимата, напротив летните тренинг подготовки се сериозен дел од нивните припреми до нивното повторно стапнување на снег.Под летни тренинзи се подразбираат посета на глечери,dryland -суви тренинзи на кои се подигнува нивото на комлетниот психомоторен состав кај натпреварувачите и др.активности.

(Истото се препорачува и кај сите други деца,праксата покажала дека децата кои предподготвителниот период го поминале со т.н клубски припреми многу полесно се снаоѓаат и побрзо ја совладуваат ски -техниката него децата кои одеднаш се соочуваат со снегот и скиите).Децата кои се занимаваат со скијање докажано е дека се силни индивидуи,со голема самодоверба ,тимски дух и многу големи психомоторни способности.