Основен курс за почетници

Основен курс за почетници е момент во животот на децата,каде за првпат се запознаваат со тајните и убавините на белиот спорт-скијањето.Зошто скијање како спорт?Скијањето како спорт е една прекрасна телесна активност која безкомпромисно подеднакво влијае на развојот како на моторните способности, така и на психо -карактерните црти кај сите учесници посебно кај децата .

Според тоа може да заклучиме дека скијањето е еден од најкомплетните спортови кога е во прашање здравиот и правилен развој кај децата,а за тоа придонес плус има и местата каде скијањето како спорт се одвива.Тоа се преубавите планински предели со најубавото планинско сонце и опкружени со чистиот планински воздух.

Веројатно сте се запрашале кога е најдобро време да вашето дете првпат застане на скии?Оваа дилема е разработена од повеќе стручни спортски работници кој оставиле печат во скијањето како спорт гледано од спортско-медицински аспект и општиот заклучок е следен:

Децата на 3-4 годишна возраст се наоѓаат во период кога би требало полека да се запознаваат со основните движења во скијањето,да се движат со скии,да пролизгуваат,да одат напред и назад итн. Со самите овие движења и активности се активираат одредени групи на мускули и се зајакнуваат зглобовите на нозете кои пак допринесуваат за појава на осет за рамнотежа кај децата.На 4-5 години кај децата се развива упорноста и истрајноста и овој период може да искористи за совладување на најосновните техники на скијањето.Во овој период па до 7 годишна возраст еден дел од психомоторните способности кај децата се веќе на повисоко ниво,(сила,снага,рамнотежа,брзина,издржливост и др.) ,координацијата им е зголемена со што ги прави поспремни за совладување на покомплексни елементи од скијачката техника.

Напомена:

Децата од предшколска возраст по структура се хиперсензитивни гледано од психички и физички аспект,тие се наоѓаат во период на развој и од таа причина треба внимателно да им се пријде при извршувањето на дадените задачи.Во овој период совладувањето на скијачката техника е најубаво да биде манифестирана преку игра.