АСК СКАДИ во Соелден на Светскиот куп

Уште едно присуство на АСК СКАДИ во Соелден на Светскиот куп а воедно и отварање на новата скијачка сезона.На само 170км.од нашиот тренинг- престој во Хинтертукс се наоѓа Соелден,гратчето домаќин на Светскиот куп,нашиот клуб втора година по ред ја користи можноста да ужива во мајсториите на врвните светски скијачи.За целото наше патување биде зачинето со преубави ммоменти на забава,воодушевувања и емоции се погрижи и Македонскиот национален тим претставен со Антонио Ристевски и нашиот селектор Иван Лесевски.Децата имаа уште една можност да се дружат со нашиот Антони Ристевски и да ја споделат нивната среќа со него за неговото учество на овој престижен Светски куп.

Соелден 2014

Галерија - Соелден 2013