ЗА НАС

Алпски скијачки клуб СКАДИ е основан од млад, амбициозен тим на професионални спортски работници (тренери, инструктори, професори и поранешни натпреварувачи) кои покрај тоа што го сакаат скијањето, имаат зад себе повеќе од 20 годишно искуство и традиција во зимските спортови во Македонија и надвор од неа. Развојот на скијањето како спорт и негова имплементација во секојдневниот живот на младите генерации е и основната причина за формирање на нашиот клуб без разлика дали е тоа во форма на спорт или рекреација. Со таа цел, искуство, стручното знаење и квалитетната програма клубот СКАДИ работи на подигнување на скијањето на едно многу попрофесионално ниво, како во форма на спорт и спортско натпреварување така и како составен дел од рекреативно-спортскиот живот на целата популација без разлика на старосната граница.

Целта и задачата на АСК СКАДИ е да скијањето повторно заживее и да биде еден од најмасовните спортови во државата.

Целокупната програма е посветена на работа преку целата година, со организирање активности од најразличен карактер и интензитет, каде преку континуитет и квалитетна работа ќе бидат остварени зацртаните резултати.

Дел од нашата програма е работа во следниве области:

  • Основен курс за почетници
  • Натпреварувачко скијање за деца и јуниори
  • Индивидуален курс за усовршување на ски-техника
  • Скијање со биомеханички задачи и анализи
  • Организирање на натпревари во Алпско скијање
  • Летни тренинг кампови
  • Општи и специфични ски -тренинг подготовки
  • Кондициони и фитнес подготовки преку целата година
  • Основен курс за почетници на ролери
  • INLINE ALPINE SLALOM скијање со ролери
  • Разни еднодневни и викенд активности преку целата година (планинарење, пешачење, возење велосипед, ролери, пливање итн.)
  • Видео записи од сите тренинг, подготовки, кампови, курсеви и дружења.

За успешна реализација на оваа програма освен стручниот тим на нашиот клуб и желбата на нашите членови потребни се и солидна спортска опрема и реквизити за изведување на истата. Ние со нашиот клуб може да се пофалиме можеби и со најширок спектар од арсенал на спортски реквизити како за dryland - летни тренинзи (сталки, кругови, топки, јажиња, еластични траки, скали за брзина, препреки JUMP, пилатес топки за рамнотежа, плочи за рамнотежа и издржливост, трамболина, Hand holder, PRO SKI SIMULATOR и др.) така и за скијачките активности (заштитни елеци, разновидни маркери и метлици, повеке видови на капии/врати и др.).